Тоа што деновиве пишуваа повеќе медиуми почна да се применува и во практика.

Матичните служби во изводите од матичните книги за родени кои ги издаваат на граѓаните деновиве не го пишуваат државјанството, туку во графата за државјанство има коси црти.

На социјалните мрежи и некои портали се објавени фотографирани примероци од вакви изводи.

Државјанството беше елемент во договорот со Грција, каде се споменува како ќе биде дефинирано тоа во патните исправи.

„Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на РС Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи, пишува во членот 1, став 3 од Преспанскиот договор“.