Најмалку шест лица се повредени во престрелка за време на концерт во Јуџин, Орегон. Ова го соопшти градската полиција преку Твитер.

Синоќа на паркингот пред објектот каде се одржувал локален концерт дошло до инциденти со огнено оружје.

Полицијата и служби за итна помош пристигнале на местото на настанот. Пет жртви биле веднаш транспортирани во локалната болница. Подоцна нивниот број се зголеми на шест.

Мотивите за инцидентот засега не се познати.