Рускиот претседател Владимир Путин го овласти претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, денеска да отпатува во Иран за да присуствува на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран.

Путин побара од Володин да му пренесе на иранското раководство дека очекува соработката меѓу двете земји да се развива на ист начин.

Тој рече дека иранскиот претседател Раиси беше сигурен партнер на Русија, наведувајќи дека Москва е подготвена, доколку е потребно, да му пружи експертска помош на Техеран во истрагата за причините за хеликоптерската несреќа.