Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека подготвеноста на Вашингтон да разговара за безбедносните предлози на за ограничување на експанзијата на исток е позитивна.
Русија минатата недела им претстави на САД и НАТО нацрт-предлози, сумирајќи ги нејзините барања во замена за деескалација на тензии околу Украина. Во документите се вели дека НАТО не смее да прима нови членки во воената алијанса и повика да не се формираат воени бази во поранешните советски земји.
– Не смее да има никакво проширување на НАТО кон исток. Топката е на нивен терен. Тие треба да ни дадат одреден одговор и генерално гледаме позитивна реакција. Американските партнери ни кажаа дека се подготвени да се започне таа дискусија на самиот почеток на следната година во Женева, рече Путин, додавајќи дека претставници од двете страни веќе се назначени.
Западните влади ја обвинија Москва бидејќи распоредува војници во близина на нејзината граница со Украина.