Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека потенцијалот на Обединетите нации (ОН) не е искористен и дека е потребно да се зголеми ефикасноста на работата на меѓународната организација и да се прошири застапеноста на нејзините тела, вклучително и Советот за безбедност.
За време на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Киргистан, Путин рече дека Повелбата на ОН мора да остане клучен извор на меѓународното право, објавија руските медиуми.
„Веројатно не ни се допаѓа сè, ниту пак сме секогаш задоволни од работата на ОН. Сепак, морам да напоменам дека отсекогаш било така, практично од основањето на организацијата“, рече Путин.
Рускиот претседател рече дека ОН мора да продолжи да игра централна улога во светските работи во иднина.




