Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот со кој се воведуваат контрамерки против САД и нивните сојузници кои воведоа санкции против Москва.
Овој документ беше усвоен од државната Дума на 22 мај годинава, а од Советот на федерацијата на 30 мај, пренесува руската агенција ТААС.
Како што пренесуваат руските медиуми, документот овозможува воведување контрасанкции на непријателските потези на САД и другите земји.
Мерките може да се применуваат на држави и организации под нивна јурисдикција, како и на функционери и граѓани.