Во големата политика нема пријатели, смета рускиот претседател Владимир Путин.

-Генерално земено, во големата политика нема пријатели, рече тој во интервју со новинарот Павел Зарубин за програмата „Москва. Кремљ. Путин “, чиј мал дел денеска беше објавен на страницата на новинарот на Инстаграм.

Претходно во својот говор на јубилејната сесија на Генералното собрание на ОН, на 22 септември, рускиот претседател зборуваше и за „недостигот од хуманизам и добрина во односите на меѓудржавно ниво“.