Да“ за Албанија, „не“за Македонија. Бугарскиот претседател Радев уште еднаш го потврди ставот дека засега нема промена во нивната позиција околу евроинтеграциите на двете земји.
Тој дава целосна поддршка за Албанија што поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а од друга страна, и по средбата со неговиот португалски колега остана на оценката дека Македонија не ги исполнила барањата од пакетот 4+1 и треба уште да работи за Софија да даде зелено светло.
– Беше изгубено значајно време да се бараат други начини за да се отвори вратата за почетни преговори за членство. Така што ќе ни треба повеќе време, а на Македонија посебно да ги исполни барањата на тој пакет, изјави Радев.
До каде се преговорите меѓу Скопје и Софија околу спорните политичките прашања, информација нема, но во Бугарија се појавија сомнежи кај дел од владините коалицони партнери и кај опозиицјата, дека премиерот Петков дал ветување во ЕУ дека во јуни ќе го крене ветото. Тие особено се подгреаа по средбата на германската шефица на дипломатијата Бербок со бугарската колешка Генчовска, па ГЕРБ во петок ја повика во собранието да реферира за состанокот и позициите..