Бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност (КСНС) во врска со темата за Република Македонија ќе биде свикан во првата половина на јануари.

Ова го соопшти бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите по свеченоста на која Централната изборна комисија им ги врачи уверенијата на избраните претседател и потпретседател на Бугарија.

– Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на РС Македонија во ЕУ, но имајќи го предвид и почитувајќи го бугарскиот национален интерес, изјави Радев.

Како главни приоритети во својата работа во неговиот втор мандат тој го истакна зајакнувањето на државноста, поголема правда, повеќе законитост, заштита на националните интереси и создавање на сите потребни услови и поддршка на институциите во нивната работа, со цел Бугарија да се развива како просперитетна модерна европска земја.