Кумановската полиција за четири часа санкционираше 22 за возачи за брзо возење, информираше денеска СВР Куманово.

Од полицијата посочуваат дека во текот на вчерашната вечер во периодот од 18:00 до 22:00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 22 возачи.

– Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, наведуват од полицијата.

Најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 224 санкции за сторени прекршоци во сообраќајот меѓу кои 72 за брзо возење и 48 за возење под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи денеска инфомираше дека се санкционирани и 26 возачи кои возеле без возачка дозвола. Изречени се и осум мерки за нерегистрирани возила, шест за користење мобилен телефон и 11 за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.

За четири часа казнети 67 возачи во Тетово за пребрзо возење

Тетовските сообраќајни полицајци вчера со употреба на радар за снимање во ноќни услови при контрола на брзината со која се движат возилата санкционирале вкупни 67 возачи. Зајакната акциска контрола е спроведена во периодот од 18.00 до 22.00 часот.

а територијата на СВР Тетово санкционирани се 67 возачи. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 16 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР со „ноќен радар“ казни 33 возачи за брзо возење во Велес

Со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, синоќа од 18:00 до 22:00 часот сообраќајната полиција спроведе зајакната акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Како што информираат од МВР-сектор односи со јавност, при тоа биле санкционирани 33 возачи. Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место.

Тие најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.порачуваат од МВР.