Педесетгодишна жена од Македонија роди здраво бебе и стана мајка.
Жената, како што објави ТВ 24 е породена во Гинеколошката болница во Чаир.
Педесетгодишната мајка 27 години водела битка со стерилитет, надежта не ја изгубила, а Бог ја благослови со здраво бебе.
Од болницата велат дека целиот медицински тим од лекари – гинеколози и сестри, целата бременост успешно ја третирале, мајката и бебето се добри и деновиве треба да ја напуштат болницата.
Според статистиките на болницата жената, чиј идентитет не е соопштен од разбирливи причини, е највозрасната родилка што досега е регистрирана во оваа здравствена установа во Чаир.