Нискотарифната авиокомпанија Рајанер шеста година по ред, е избрана за најлоша авиокомпанија во Велика Британија, покажа годишната анкета на порталот Wich Travel што се занимава со истражување задоволство на корисници.

Патници на таа авиокомпанија и дале најлоши можни оценки за влегување, удобност на седишта, уреденост и квалитет на храна/пијалоци.

Рајанер доби вкупна оценка од 40 отсто зад другите нискотарифни авиокомпании како Томас Кук (52 отсто), Визер (54 отсто) кои најмногу летаат на дестинации во источна и средна Европа.

Најдобри пет се Aurigny Air Service, Swiss Airlines, Jet2, Norwegian и холандскиот KLM.

Патниците кои летаат со Рајанер посебно се фрустрирани заради откажување летови, често менување правилници за багаж и неточност на возниот ред на авиокомпанијата. Илјадиници учесници во анкетата изјавиле дека „никогаш веќе нема да летаат со Рајанер без разлика колку е поевтино од конкуренцијата“.