Во ЦИА има „сестринство шпиони“, бидејќи на сите клучни позиции во главните директорски места се жени, објави Ен-Би-Си.

Директорката на ЦИА, Џина Хаспел ја именуваше Синтија „Диди“ Реп во самиот врв на агенцијата на позиција заменик директор за аналитика, суштински највисока во аналитичката позиција во Агенцијата.

Поставувањето на Синтија Реп на таа функција значи и дека трите главни директорати во агенцијата – за аналитика, операции и наука сега ќе ги водат жени.

Хаспел, прва жена директор на ЦИА претходно на функција заменик директор за операции во агенцијата ја именуваше Елизабет Кимбер, како прва жена на таа функција. Кимбер со тоа, стана одговорна за шпионската мрежа на ЦИА ширум светот.

Кимбер и Реп и се придружија на Дони Маерикс, заменик директор за наука и технологија како што наведува телевизијата – лица на највисоки извршни позиции во традиционалните центри за моќ во агенцијата.

– Тоа е првпат сите три директорати да ги водат жени, а 50 отсто од работната сила на ЦИА сега е составена од жени, наведува Британи Брамел, директорка на одделот за јавни прашања во ЦИА.