Италијанец вработен во локална здравствена установа во калабрискиот град Катанзаро, 15 години земал плата, а ниту еден ден не се појави на работното место.

Тој бил вработен во одделот за итни интервенции во случај на пожар, а за тоа време заработил повеќе од 500.000 евра.

Полицијата ги прегледала картичките за присуство и открила дека 66-годишниот Салваторе С. никогаш не дошол на работа за која земал редовна плата, а со цел да обезбеди такво нешто, Салваторе повеќепати испраќал друго лице на кое јасно му се заканувало на шефовите, колегите и членовите на нивните семејства, ако не дозволат Салватор да не работи и да прима плата, објави агенцијата Анса.

Обвинителството ги истражува деталите за случајот, а покрај „серискиот неработник“, како што дефинира локалниот печат, обвинети се уште 6 вработени во таа здравствена установа, меѓу кои и двајца шефови.

Вакви случаи ни се познати во Македонија, се уште има „вработени“ во државната администрација кои ниту еден ден не дошле на работа, а со години земаат плата.