Тетовска компанија која треба да ја организира манифестацијата за 21- годишнина од Рамковниот договор, е истата фирма која треба да набави свидетелства за учениците, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Фирмата, која во 2015 се јавува и како најголем донатор на ДУИ, во последните четири години добила 61 тендер од државата, најчесто од институции раководени од кадри на ДУИ.

Фирмата која треба да ги набави свидетелствата за учениците ќе ја организира и прославата за 21-годишнината од Рамковниот договор. Тетовската фирма Арбериа Десигн ја организираше и минатогодишната прослава, стои зад организацијата и на прославата на Денот на албанското знаме, а позната е и по печатењето на учебници на албански јазик.

Според податоците на Бирото за јавни набавки, само во изминатите 4 години, оваа компанија добила 61 тендери од државата од околу 4 милиони евра.

Според податоците на Државниот завод за ревизија, фирмата се јавува и како донатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изборите во 2015. Тогаш тетовската фирма одвоила 20.000 евра и е најголемиот донатор на ДУИ за тие избори.

Организатор на одбележувањето на годишнината од Договорот со кој се стави крај на конфликтот во 2001 е Министерството за политички систем, на чие чело е првиот вицепремиер Артан Груби, кој е кадар на ДУИ.

По речиси 10.000 евра ќе добијат странските музички ѕвезди, кои ќе настапат на концертот, додека домашните по 7.350 евра. Повеќе пари ќе земат и странските бендови, за разлика од домашните.

Целиот текст во РСЕ.