Република Србија е на првото место во светот во однос на директни странски инвестиции, објави британски Фајненшл тајмс.
– Одлуката на Фајненшл тајмс да ја прогласи Србија за светски првак во привлекување странски директни инвестиции, по втор пат во три години, е резултат на спроведени реформи и потврда дека Србија денес е сосема друга земја од онаа под власт на сегашната опозиција до 2012 година, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ за Танјуг.
Според најновата ранг-листа за 2019 година, објавена од специјализираниот сервис на Фајненшл тајмс, Србија е на врвот на рангирањето со индекс од 11,92 поени, што е за 1,33 индексни поени повисоко од лани.
Србија привлече околу 107 проекти за СДИ гринфилд инвестиции во 2018 година, што е за 26 повеќе од 2017 година, што претставува зголемување за скоро една третина.
Актуелната македонска владејачка гарнитура постојано ја убедува јавноста дека влегувањето во НАТО ќе донесе големи странски инвестиции. Но, примерот на соседна Србија покажува дека инвестиции не носи НАТО, туку треба работа и реформи.