Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со реализација на мерките што значат вистинска грижа за земјоделците, соопшти денеска СДСМ.

– Во текот на вчерашниот ден, исплатени се 106 милиони денари кон 2.100 овоштари по основ на дополнителна субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25ти декември 2018 година. Оваа интервентна мерка е донесена со цел да се покријат загубите на овоштарите заради проблемите што се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018, како и и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период. Паралелно со оваа мерка, се реализираат други мерки и политики што се во интерес на граѓаните. Распределбата на картичките тече непречено и секојдневно, а досега поделени се околу 34 илјади картички, со вкупна расположлива сума од околу 88,5 милиони денари. Како одговорна партија продолжуваме се спроведување на мерките што го враќаат достоинството кај земјоделците и го унапредуваат и развиваат земјоделството како клучна стопанска гранка, се вели во денешното соопштение од СДСМ.