Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Даниела Рангелова на социјалните мрежи со објава за нејзина неотповиклива оставка.

Таа го информираше членството дека и покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски да остане и да ја води Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, таа смета дека една година пред завршување на нејзиниот мандат треба да си поднесе неотповиклива оставка.

Рангелова вели дека оставката ја поднесува поради несогласувањата на политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно Рангелова беше една од пратениците за кои се шпекулираше во јавноста дека ќе го подржи Договорот од Преспа.

Минути подоцна откако беше објавена оставката, таа го избриша постот на фејсбук и нејзината страница како Пратеник во Собранието на РМ престана да постои.