Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник му одговори на поранешниот играч за врска Рој Кин во врска со повредата на напаѓачот Кристијано Роналдо.

Триесет и седумгодишниот Португалец поради повреда на бутен мускул го пропушти натпреварот од 28. коло на англискиот шампионат против Манчестер сити (1:4).

Пред средбата Кин изјави: „Зборуваме за тоа дека Кристијано е машина и многу ретко се повредува… Ова не ми e одговара“.

На ова тренерот одговори:

– Морам да му верувам на мојот медицински персонал. Докторот дојде кај мене пред тренинг и рече дека Роналдо не може да вежба поради некои проблеми со бутот. Тоа е само факт. Играчите му кажуваат на лекарот и медицинскиот оддел дека се повредени и не можат да играат. Морам да го прифатам тоа како тренер. Не можам да принудам играч да игра ако мисли дека има повреда, изјави Рангник за „Скај спортс“.

По 28 кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед има освоено 47 бодови и е петти на табелата со 22 бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Оваа сезона Роналдо на 29 натпревари за Манчестер Јунајтед постигна 15 гола и оствари три асистенции. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година.