Го имаме новиот Рашковски во Град Скопје. Секретарот на мрзливиот и арогантен Шилегов, Аврамовска – Мадиќ е новиот Драги Рашковски. Преку фирма на нејзиниот зет, испумпува преку половина милион народни пари на граѓаните од Градот Скопје, рече Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Рашковски е мало дете за Секретарот на Градот Скопје. Македонија го доби новиот Рашковски – Викторија Мадиќ Аврамовска и новиот Заев, а тоа е Петре Шилегов. Скала која во Загреб е купена за 800.000 евра плус ДДВ, кај нас ја купуваат за фрапантни 1.700.000 евра. И мало дете знае дека остатокот од парите се украдени, истакна Нелоски.

Погледнете ги овие две слики, на сликите се гледа дека двете скали се исти. Нелогични се правдањата со стабилизатори и корпи. Бидејќи стабилизатор и корпа има и едната и другата скала. Нелогични се оправдувањата на Шилегов. Фатен е жив и подобро да признае, бидејќи секако ќе одговара, рече Нелоски.

-И кога ќе се запрашате зошто некој булевар не е направен, зошто некој проект не е завршен или пак зошто ГТЦ не е реновиран и се распаѓа, нека ви текне дека секретарот на мрзливиот Шилегов, преку својот зет, набавил противпожарна скала за која имаме сомнеж дека над половина милион евра завршиле во нивни џеб, потенцираше тој.

-Очигледно дека фирмата „Армор Плус“ ДОО Скопје, каде сопственик е зетот на секретарот на Град Скопје, била преодредена да добива државни тендери и народни пари од тендери се разбира откако СДСМ доаѓа на власт. Па така, „Армор Плус“ ДОО Скопје, не само што земала милионски тендер во Градот Скопје, туку за само 4 години од 2017-та до сега, има заработено рекордни над 4 милиони евра од добиени тендери. Град Скопје, јавните претпријатија, општините низ Македонија каде што СДСМ е на власт, државни институции, министерството за одбрана и многу други и дале бизнис на истата фирма „Армор Плус“ ДОО Скопје во вредност од над 4 милиони евра. Во прилог еве ви ја листата на тендери, кои ќе ги добиете и електронски, изјави претседателот на ГК.

Ова е класичен пример, како завршуваат народните пари на конто на СДСМ и нивните функционери. Никој, ама баш никој, нема да поверува дека се е регуларно со набавките, конкретно со скалата, и никој, ама баш никој, нема да поверува дека Петре Шилегов е чист и не заслужува да понесе одговорност, додаде тој.