Македонската Влада на вчерашната седница одлучи да се вклучи во обновата на опожарената катедрална црква Нотр Дам во Париз.
Оваа одлука наиде на различни реакции во јавноста.
Неспорен е фактот дека треба да се биде хуман во катастрофи, каков што беше пожарот на познатата црква во Париз, но не треба несреќите да се користат за саморекламирање, сметаат граѓани кои реагираа на најавата дека „земјава ќе се вклучи во обновата на Нотр Дам“.
– Да се секиравте за нашите споменици колку за туѓите, државата ќе цутеше. Ние ограда на Офицерски две години не можеме да ставиме, а Нотр Дам ќе сме ја обновувале. Ни нема спас, се вели во реакција на Фејсбук.