Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, ќе биде надвор од терените два до три месеци, објави шпанска „Марка“.
Фудбалерот претрпе повреда на коленото во натпреварот од второто коло од групната фаза од Лигата на шампионите со Бриж (2:2).
На полувремето, Начо беше заменет. Кај 29-годишниот Шпанец е дијагностицирана повреда на лигаментот на десното колено.
Оваа сезона, Начо одигра три натпревари за Реал Мадрид на сите натпреварување.