Лука Јовиќ, кој неодамна дојде од Ајнтрахт во Реал Мадрид за 60 милиони евра, синоќа на натпреварот против Атлетико Мадрид го поредиот левиот глужд.

Како што пишува „Марка“, првите лекарски прогнози не се добри, што значи дека Јовиќ подолго време ќе биде надвор од теренот.

Со повредата на српскиот репрезентативец Реал останува и без четвртиот играч по Асенсиу, Брахим и Менди, на кои тренерот Зидан нема да може да смета следнава сезона, иако на нив „кралевите“ потрошија милионски суми.

Инаку, Јовиќ се здоби со повредата при дуел со Облак на пријателскиот натпревар со нивниот градски ривал Атлетико Мадрид, на кој Реал претрпе длабок пораз 3:7.