Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изрази оптимизам по синоќешниот дебакл против Атлетико Мадрид на Меѓународниот куп на шампиони во Њу Џерси на кој неговиот тим беше поразен со 3:7.

Францускиот стратег, прво изрази разочараност од поразот, но, сепак, со оптимизам изјави дека верува во неговите фудбалери, кои можат да ги измерат силите со сите други екипи во светот.

– Ова што се случи сега не ме загрижува многу, но секој ваков пораз боли. Се случи и од тоа не можеме да избегаме. Се разбура, денес не можеме да бидеме среќни, но уверен сум дека имаме екипа која е во состојба да ги одмери силите со сите екипи во светот, изјави Зидан по завршувањето на натпреварот.

Тренерот на „кралевите“ додаде дека не се сомнева дека неговите фудбалери ќе бидат мотивирани кога ќе почне сезоната, за која рече дека несомнено ќе биде добра.