Дел од западните медиуми, вклучувајќи ги и Репортери без граници, предупредуваат дека лажираното убиство на рускиот новинар Аркадиј Бабченко, во режија на украинските тајни служби, е преседан и нанесува голема штета за новинарството, особено за веродостојноста на информациите кои во иднина ќе стигнуваат од Украина.

Официјален Киев објаснува дека со тајната операција бил спречен не само атентаторот на новинарот туку бил уапсен и организаторот.

Засега Киев не покажува докази за тоа што го тврди, ги обвинува руските служби за план за 30 атентати на подрачјето на Украина.

Да потсетиме, истиот ден кога беше објавена лажната вест за наводното убиство на Бабченко, Украина ја обвини Русија за „убиството“, а набргу потоа со згрозување за настанот реагираа од ЕУ и голем дел од останатиот свет.