Рекордно количество пиво испија навивачите на Ајакс на вчерашниот натпревар со кој ја прославија 36. клупска титула и се збогуваа со тренерот Ерик тен Хаг, кој од следната сезона ќе седи на клупата на Манчестер јунајтед.

Ајакс во средата го совлада Херенвен со 5-0 пред 55.000 на „Јохан Крој Арена“.

Според податоците на Ajaxlife.nl домашните навивачи го урнале рекордот од 19 октомври и триумфот на нивниот тим над Борусија Дортмунд (4-0), испивајќи на натпреварот против Херенвен вкупно 70 илјади литри пиво.