Хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Перишиќ е на чекор до трансфер од Интер во Челзи во следните неколку денови, јавија италијанските медиуми.

Перишиќ има договор со актуелниот италијански шампион до крајот на сезоната, а Хрватот е незадоволен како се одвиваат преговорите за продолжување на соработката.

Како што синоќа објави Спорт Медиасет, Перишиќ ги договорил личните услови со Челзи и преостанува да се усогласат уште некои ситни детали и да ги мине вообичаените медицински прегледи.

Интер сака да го задржи Перишиќ во своите редови, но за тоа да се случи ќе мора да му ја зголеми платата.

Клубот од Милано на хрватскиот фудбалер му нуди двегодишен договор вреден 4.5 милиони евра, додека Перишиќ инсистира на тригодишна соработка и повисока плата.