На „Холивуд“ булеварот во Лос Анџелес се одржа ревија на италијанскиот бренд „Гучи“, предводена од дизајнерот Алесандро Микеле. На модната писта, меѓу другите, се прошета и глумецот Меколи Калкин.

Ѕвездата од „Сам дома“ носеше светло-кафени панталони и кошула и јакна со шарени детали. Комбинацијата ја комплетираше со очила и црни чевли.

Покрај Калкин, во шоуто учествуваа и неговите колеги – глумците Џоди Тарнер-Смит и Џеред Лето. На пистата прошетаа и Мајли Сајрус, Гвинет Палтроу, Лизо, Серена Вилијамс и Били Ајлиш. Прикажаната колекција се однесува на сезоната пролет – лето 2022 година и е инспирирана од „златното време“ на Холивуд.

Инаку, Меколи неодамна на Твитер го коментираше трејлерот за шестиот дел од „Сам дома“ во куќата… Според ИМДБ, засега нема податок дека тој ќе се појави во филмот што ќе излезе следната седмица.