Финансова полиција рано утрово упаднала кај пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, соопшти тој преку социјалните мреежи.

– Не ви се плашиме, денеска хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 часот до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција, објави Јаулевски на Фејсбук.

Финансовата полиција претресот го врши токму денес, кога на дневен ред е гласањето за довербата во Владата на премиерот во оставка, Зоран Заев.

На ваквиот притисок што се врши врз пратениците денеска реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упадна финансова полиција и МВР на Спасовски на денот на гласање за доверба на Влада, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците. Таквите методи својствени за Чаушеску ќе бидат жестоко поразени, стои во реакцијата.

Засега нема информација од Финансиската полиција дали и зошто е направен упадот во домот на пратеникот Јаулевски.