Освен ако лидерите не решат дел од најголемите светски економски проблеми, тогаш ние можеби ќе се движиме кон глобална рецесија, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек, на Светскиот економски форум во Швајцарија, јави ДПА.
Тој тврди дека имало најмалку четири меѓусебно поврзани кризи што треба да се совладаат: високата инфлација, енергетската криза, недостигот од храна и климатските промени.
– Доколку ниту еден од проблемите не се реши, јас стравувам дека ние се движиме кон глобална рецесија, што ќе има огромен ефект не само врз акцијата за климатски промени, туку и врз глобалната стабилност како целина, појасни тој.
Според него, гладот во светот беше доволно ужасен, но претставуваше само еден од проблемите што треба да се решат, кога станува збор за заштита на глобалната стабилност.
– Грижата за нова безбедност на снабдувањето со енергија не е контрадикторност со поголемата цел да се осамостоиме од фосилните горива, додаде тој, говорејќи околу снабдувањето со енергија.