На новинарско прашање во делот на слободата на медиумите, за тоа дека ЕУ не нотира оти медиуми, национални тв и новинари се под директна политичка закана од страна на опозициската СДСМ, Рокас не даде конкретен одговор, заобиколи и изјави оти слободата на медиумите е областа каде што уште треба да се работи. Со целосно внимание следеле се, но не кажа ако е така – зошто спорадичните, крајно дегутантни и многубројни напади на Венко Филипче врз ТВ Алфа, Курир, Плусинфо, Нетпрес, Република и другите медиуми никој во ЕУ не ги забележал и ги нема никаде во Извештајот.
– Земјата треба да ја ревидира правната рамка во однос на медиумите за да ја усогласи со законодавството на ЕУ и стандардите на ЕУ, особено со воведување правила за целосна транспарентност за сопствеништвото на медиумите, за државното рекламирање, конкурентноста, државната помош, како и правата за интелектуална сопственост. Секако, сѐ уште има работи коишто треба да се завршат и очигледно областа поврзана со медиумите сметам дека го заслужува нашето целосно внимание и следиме сѐ одблиску и секако ги нудиме сите можни совети, кога тоа од нас ќе биде побарано и кога ќе не прашаат како ние можеме да придонесеме кон овие законски промени коишто ќе ги зацврстат медиумите на најдобар можен начин, изјави Рокас во изјавата во стилот „ко киша око Крагуевца“.




