Италијанскиот фудбалски клуб Рома сака да го привлече Антонио Конте на функцијата тренер во текот на летото, пренесува „Калчомеркато“. Римјаните му понудиле на 49-годишниот италијански стратег плата во износ од 9,5 милиони евра по сезона.

Во Челзи, Конте земаше 11 милиони евра, но понудата на „волците“ може да се покаже доволно добра.

Конте побарал од Рома одредени „технички“ гаранции – селекција на играчите, за да создаде тим кој ќе биде способен да се натпреварува со Јувентус.

Покрај тоа, позицијата спортски директор на клубот може да биде окупирана од блискиот пријател на Италијанецот – Џанлука Петрачи.

За последен пат, Конте беше на челона тимот од „Стемфорд бриџ“. Под негово раководство, лондонскиот тим ја освои Премиер лигата (2017) и Купот на Англија (2018).