Санкционираниот руски милијардер Роман Абрамович денеска е виден на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, пред да полета за Истанбул авионот што се поврзува со него.

На фотографијата до која дојде Ројтерс се гледа Абрамович, сопственикот на Челзи, како седи во ВИП ложата на аеродромот со спуштена маска под брадата.

Британската новинска агенција наведува дека не може да потврди дали се качил на летот (за Истанбул).

Јахтата на Абрамовиќ отплови од Тиват и се упати кон Турција

Суперјахтата „Соларис“ на рускиот милијардер Роман Абрамович попладнево исплови од Тиват и Бока, пренесува подгорички „Вијести“.

Иако не се наведува точното име на следното пристаниште до кое ќе плови „Соларис“, на локациите за следење на движењето на бродовите може да се види дека „Соларис“ наводно се движи кон Турција.

Авионот на санкционираниот руски олигарх Роман Абрамович го напушти Израел

Авионот за кој се сомнева дека го користел санкционираниот руски олигарх Роман Абрамович денеска го напушти Израел.

Неименувано лице кое има информации за тоа, изјави за Ројтерс дека авионот што го користел Абрамович слетал на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во неделата.