Раководството на Суецкиот канал најави дека од утре ќе ги укине попустите на танкерите кои превезуваат течен природен гас.

До 1 јули попустот за танкери кои превезуваат течен гас од Мексиканскиот залив до Азија требаше да биде од 30 до 70 проценти.

Управата на Суецкиот канал денеска преку циркуларно писмо ги информираше превозниците дека ќе ги укине сите попусти од 15 март, што се совпаѓа со зголемениот сообраќај на танкери на пат од Азија кон Европа поради кризата со гас, што се влоши со руската инвазија на Украина.

Во меѓувреме, американските и катарските производители ги пренасочуваат пратките од Азија во Европа, привлечени од високите цени, а Суецкиот канал е на клучна сообраќајна рута.