Американскиот претседател Доналд Трамп е заинтересиран да се реши прашањето за Косово, вели републиканскиот сенатор и претседавач со Поткомитетот на Сенатот за Европа, Рон Џонсон.
Тој за Гласот на Америка, коментирајќи констатацијата дека е очигледен пресвртот во американската политика кон Србија и Косово и одговарајќи на прашање дали претседателот Трамп е и лично заинтересиран да се реши тоа прашање, одговори потврдно.
– Луѓето во Србија и на Косово треба да бидат сигурни дека оваа администрација, Сенатот, Конгресот се заинтересирани да се дојде до решение. Знаете, претседателот Трамп има поинаков пристап во решавање на некои прашања, размислувања надвор од утврдените рамки. Но, гледаме колку е важен Балканот и колку е важно да се стабилизира, вели Џонсон.
Тој повтори дека САД не поставуваат црвени линии кога е во прашање решавањето на прашањето за Косово и дека ги охрабруваат лидерите на договорот, но истакна дека тоа нема да биде ниту лесно ниту брзо.
На прашањето какао е можно да се дојде до решение ако тензиите често растат, Џонсон одговори: „Да се надеваме дека овие инциденти можеме да ги сведеме на минимум, а двајцата лидери да продолжат со дијалог и потрага по решение, Америка е тука да ги поддржи и да им даде простор. Договорот мора да го постигнат двете влади и никој не може ништо да им наметнува“.