Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо кажа нешто што сигурно нема да им се допадне на голманите ширум светот, посебно на оние врвните. Според Португалецот, дефанзивците, а посебно голманите не можат да чинат 80 милиони евра.
– Тешко е да се прават пресметки во современиот фудбал. Клубот презема ризици со купување играчи кои имаат одреден потенцијал, а фудбалската индустрија е различна. Тие можат да платат 100 милиони евра за секој играч, дури и ако тој не покажал ништо. Денес во фудбалот има повеќе пари. Централниот дефанзивец и голман може да чини 70 или 80 милиони евра. Не се согласувам со ова, но таков е светот во кој сега живееме, а вие мора да го почитувате, изјави Роналдо.
Пред две години Роналдо од Реал Мадрид премина во Јувентус во трансфер вреден 100 милиони евра.