Кристијано Роналдо од Јувентус, Лука Модриќ од Реал Мадрид и Мохамед Салах од Ливерпул се тројцата фудбалери кои влегоа во потесниот избор за најдобар играч на светот за 2018 година во избор на ФИФА.
Првпат по 12 години меѓу тројцата кандидати за „Златната топка“ го нема капитенот на Барселона и петкратен освојувач на оваа награда Лионел Меси.
Претходните две години оваа престижна награда ја освои Роналдо, кој доколку ја освои и годинава ќе стане рекоредер со вкупно шест награди.
Во конкуренцијата за најдобар тренер се најдоа селекторите на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, и на француската репрезентација, Дидије Дешан, и доскорешниот тренер на европскиот шампион Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе се одржи на 24 септември на свеченост во Лондон.