Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо им се заблагодари на навивачите за честитките по повод неговиот 37-ми роденден.

– Животот е како ролеркостер. Напорна работа, високо темпо, напорни цели, големи очекувања… Но, на крајот сè се сведува на семејството, љубовта, искреноста, пријателството – вредности кои јасно покажуваат дека сите напори вредат.

Ви благодарам за честитките! 37, и ова не е граница! – напиша Роналдо на Инстаграм, објавувајќи фотографија со својата придружничка Георгина Родригез и роденденска торта.

Претходно Роналдо изјавуваше дека има намера професионално да игра фудбал најмалку уште 4-5 години.