Социјалната мрежа Твитер е блокирана на територијата на Руската Федерација, соопшти Роскомнадзор, телото за следење на електронските комуникации.

Според новинската агенција Интерфакс, пристапот до Твитер бил ограничен врз основа на барање на јавното обвинителство на 24 февруари. Роскомнадзор претходно објави дека ја блокирал социјалната мрежа Фејсбук на територијата на Русија.
Во меѓувреме, голем број корисници на Твитер во Русија се пожалија дека новата социјална мрежа е блокирана во таа земја.

Оваа вест доаѓа откако се појави информација дека рускиот претседател Владимир Путин го потпишал Законот за лажни информации.

Објавувањето на вести, кои руските власти ги сметаат за „лажни“ би можело да биде казнето со вкупно 15 години затвор, објавија западните медиуми.

Авторите и дистрибутерите на дезинформации за дејствијата на руските вооружени сили можат да добијат затворска казна до три години. Доколку лажната вест се шири како дел од „организирана група“ или е придружена со фалсификување докази, максималната казна се зголемува на 10 години затвор.

Доколку ширењето на лажни информации предизвика сериозни последици, сторителите ќе добијат казна затвор до 15 години, се наведува во новиот закон во Русија.