Си-Ен-Ен престана да емитува програма во Русија откако Владимир Путин потпиша декрет според кој тие што шират лажни вести за руските сили можат да бидат осудени на 15 години затвор.

Портпаролот на Си-Ен-Ен изјавил: „Си-Ен-Ен ќе престане да емитува програма во Русија. Ние продолжуваме да ја проценуваме ситуацијата и нашите следни чекори“.

Bloomberg News вели дека ќе го следи примерот:

„Со големо жалење, решивме привремено да ја прекинеме работата на нашите новинари во Русија“, изјави вечерва главниот уредник на Блумберг, Џон Миклетвејт.

„Промената во кривичниот законик, која се чини дека е дизајнирана да го претвори секој независен известувач во криминалец, го оневозможува продолжувањето на каков било привид на нормално новинарство во земјата“, истакнал тој.