Министерството за здравство на Русија регистрираше сува вакцина против коронавирусот на центарот „Гамалеј“ за подготовка на раствор за интрамускулни инекции, соопшти прес-службата на руското Министерство.

– Министерството за здравство издаде регистрација за вакцината ’Гам-КОВИД-Вак-Лио’, развиена од Научно истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија ’Гамалеј’ на Министерството за здравство на Русија, која е произведена во форма на лиофилизати за подготовка на раствор за интрамускулна инекција, се наведува во соопштението.

Вакцината е регистрирана по клиничките тестирања, за време на кои лекот се покажал како ефикасен и безбеден кај доброволците.

Клиничките испитувања на вакцината се одржаа во периодот од јуни до август годинава на државниот медицински универзитет „Сеченов“ во Москва.