Министерството за надворешни работи на Русија вчера го повика молдавскиот амбасадор и му врачи протестна нота против „непријателските постапки“ на про-европската влада на поранешната советска држава и соопшти дека се забранува влез на голем број граѓани на Молдавија.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се осудува „системската природа“ на дејствијата, за кои се вели дека биле насочени против руските граѓани, вклучително и новинари.

„Молдавското раководство продолжува да дава агресивни антируски изјави“, се вели во соопштението.

Молдавската претседателка Маја Санду ја осуди руската инвазија на Украина. Минатиот месец, Парламентот на Молдавија ја одобри новата одбранбена стратегија која ги именува Русија и корупцијата како две најголеми закани за безбедноста на земјата.

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека член на претседателскиот тим, владини претставници и новинари се меѓу луѓето на кои им е забранет влезот во Москва.

Фото: МИА архива