Повеќе руски медиуми денеска цитираат неименуван извор кој вели дека Украина е блиску до создавање нуклеарна „валкана бомба“, темелена на плутониум, иако изворот не наведува докази за ваквото тврдење, наведуваат британските медиуми.

Руските агенции Тасс, РИА и Интерфакс утринава цитираат руски „претставник на надлежно тело“ кој вели дека Украина развива нуклеарно оружје во уништената нуклеарна централа Чернобил, која беше затворена во 2000 година, пренесуваат британските медиуми.

Украинската Влада соопшти дека нема намера повторно да се приклучи на нуклеарниот клуб, откако во 1994 година се откажа од своето нуклеарно оружје, по распадот на Советскиот Сојуз.

Непосредно пред инвазијата, Путин во говор исполнет со поплаки рече дека Украина го користи советското знаење за да создаде сопствено нуклеарно оружје и дека тоа е еднакво на подготовка за напад на Русија. Меѓутоа, тој не наведе докази за таквото свое тврдење.