РУСКОСКА: Силјан Мицевски и Амзоски му дале речиси милион евра на Боки 13 и никогаш не ги побарале парите

/ 21.07.2020

Обвинителката Вилма Рускоска денеска го презентира обвинението во случајот „Меѓународен сојуз“.

Во своето излагање, Рускоска тврди дека имаат несоборливи докази за обвинетите за делата за кои се товарат.

Да се формира невладина организација е хумано дело, но таа да се темели на лага дека зад неа стои ЕУ е врв на девијантен ум – истакна Рускоска, пренесува Лидер.мк.

Обвинителката објасни дека организацијата „Меѓународен сојуз“ била формирана како што треба и на почетокот помагала на ранливи категории се до моментот кога имале намера да градат станови за возрасни лица.

За таа цел, од бизнисменот Силјан Мицевски биле земени 719.000 евра, додека од Ардијан Амзоски 233.821 евро. Обвинетат Фросина Ременски, пак, била во друштво на Бојан Јовановски на средбите со бизнисмените за да се покаже сериозност во целиот проект.

-Имаме докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски, а оштетените никогаш не ги побарале парите и никогаш не прашале до каде е проектот – ги преенсува збровите на Рускоска порталот „Лидер“.

Скопски Курир пак пишува дека во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата кои обвинети.

Рускоска пред почетокот на судењето го информираше судот дека барањето за нејзино изземање побарано од обвинетите Ременски и Јовановски, не е прифатено од државниот јавен обвинител.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Судењето за „Меѓународен сојуз“ почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај.


Од истата категорија