Руското Министерство за надворешни работи ги повикало денеска амбасадорите на Летонија, Естонија и Литванија во Москва за да им најави протерување на некои нивни дипломати како реципрочна мерка, објавија руските медиуми.

Летонија и Естонија на 18 март објавија дека протеруваат по тројца руски дипломати, додека Литванија соопшти дека им порачала на четворица Руси дека мора да ја напуштат земјата.

Летонското Министерство за надворешни работи тогаш појасни дека дипломатите се протеруваат во координиран потег во врска со активности спротивни на нивниот дипломатски статус, но и земајќи ја предвид руската агресија врз Украина.