Бојан Јовановски ќе биде повикан да даде исказ во ОЈО  за случајот „Рекет“ кога ќе оценам дека треба, соопшти денеска обвинителката Вилма Рускоска по состанокот во Советот за јавни обвинители кој треба да одлучува дали ќе ја разреши или не Катица Јанева од прв човек на СЈО.

Рускоска рече дека не знае дали се подготвува барање за Јанева да излезе од притвор поради многу нарушено здравје и потврди дека се уште трае истрагата за документот со исказот на Камчев кој излезе во јавност.

На прашање дали Камчев го имал тој документ, Рускоска појасни дека записници на сведоците и на лица за кои се бараат потребни известувања, не им се доставуваат, туку пред завршувањето на истражната постапка кога ќе се донесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава на одбраната и на осомничениот.

Рускоска рече дека се уште се работи на финансиската истрага и дека за дел од парите знаат каде се, а за дел работат на тоа.