Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вчера ја надгледувал „ударната вежба“ на лансирање проектили во море на источниот брег, соопштија денеска севернокорејските државни медиуми.
Целта на оваа вежба било да се тестира перформансот на „повеќестраните ракетни фрлачи со голем калибар и тактички наведуваното оружје од страна на одбранбените единици“, соопшти севернокорејската државана агенција, имплицирајќи дека не станува збор за балистички ракети со голем дострел, кои САД ги сметаат за закана.
Во написот се посочува дека Ким издал налог за лансирање и ја нагласил потребата од „зголемување на борбените способности за да се брани политичката сувереност и економска самоодржливост“.