Дедо Мраз, сепак, нема да мора да се вакцинира како заштита од коронавирусот, сметаат стручни лица од американското здравство.

Властите во САД претходно најавија дека луѓето што во предновогодишниот период работат како дедомразовци и џуџиња во трговските центри, ќе бидат меѓу првите во редот за вакцина. Како што пренесуваат западни медиуми, претседателот Доналд Трамп уверувал дека вакцината против Ковид-19 ќе биде готова и одобрена до ноември, но сега постои сомнеж за нивната делотворност и безбедност.

Речиси е извесно дека вакцината против коронавирусот ќе биде одобрена кон средината на ноември, и први во тој ред се здравствените работници. Американските власти нагласуваат оти таа нема да е задолжителна, но ја препорачуваат, особено за луѓето кои се во првите борбени редови против пандемијата.