САД го одбија предлогот на Москва за изземање на руската трговија со Иран од западните санкции. Поради барањата на Москва паузираат преговорите за иранскиот нуклеарен договор.
Претходно, американски владини претставници изјавија дека новите економски санкции воведени кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина не се поврзани со Договорот и оти не би требало да имаат никакво влијание врз неговата примена.
Техеран и светските сили беа блиску до заживување на Договор од 2015 година за заживување на нуклеарниот договор, но последниот дел од разговорите се совпадна со рускиот напад врз Украина и значајните економски и финансиски санкции што Западот ги наметна на Москва.
Русија, која е потписник на Договорот и важен актер во преговорите за Иран во Виена, бараше гаранции дека нејзината трговија со Иран ќе биде изземена од западните санкции.
Висок американски функционер изјави дека САД нема да преговараат ублажување на санкциите кон Русија за да го спасат иранскиот нуклеарен договор и дека може да се обидат да склучат посебен договор без Москва.