Кина и САД се договорија дека нема да водат трговска војна и дека ќе го запрат воведувањето взаеми царини, изјави вицепремиерот на Државниот совет на Кина Лиу Хе по преговорите во Вашингтон.

– Најважен резултат од одржаните трговско – економски консултации е дека страните постигнаа консензус да не се води трговска војна, како и да престане воведувањето меѓусебни царини, рече Лиу Хе.

Кинескиот вицепремиер за својата посета на Вашингтон рече дека е „позитивна, конструктивна и продуктивна“. Тој истакна дека решавањето на старите трговско-економски спорови меѓу Пекинг и Вашингтон ќе трае долго.

Во Вашингтон на 17 и 18 мај беа одржани консултации меѓу трговски делегации на САД и Кина на кои двете страни се договорија да преземат мерки за намалување на трговскиот дефицит во трговскиот биланс на САД во трговијата со Кина и значително да го зголемат извозот на американски стоки и услуги во Кина.